Репертоар

Events Calendar

Диши
Петок, 29 Март 2024, 20:00
DISI

Автор:  Данкан Мекмилан

Режија: Димче Николовски - Димсата

Драматург: Александра Бошковска

Улоги: Јасмина Василева, Димитрија Доксевски

Информации и резервации: 076/434343

купи билет

Превод: Благоја Бошковски - Буцко
Сценографија: Илија Николовски
Костимографија: Раде Василев
Тон – мајстор: Диме Илиоски
Светло – мајстор: Дејан Блажевски

Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Жаклина Цветковска

Текстот Lungs (анг.) на Данкан Макмилан е напишан во 2011 година и претставува современа, длабоко интимна, истовремено универзална и еколошка - глобална драма. Lungs (Бели дробови), низ повеќе животни циклуси на љубовната врска, на духовит и прониклив начин, го следи релативно младиот пар М и Ж (M&W) додека контемплира на различни прашања за смислата и бесмисленоста, за надежта и предавствата, за промените и за смртта, за создавањето на нов живот и за крајот на светот. Нашата претстава Диши (чиј наслов не случајно е одбран,наместо оригиналниот) навигира низ сите погоре поставени прашања, толкувајќи ги токму во „еден здив“ преку експериментирање со минималистички актерски израз којшто се обидува да ги надмине - а во исто време и да се придржува кон ограничувањата зададени од самиот автор, како и кон протоколите за работа што ни ги наметна пандемијата: Оваа драма е напишана за да се изведе на празна сцена. Нема сценографија, нема мебел, нема реквизити и нема беспредметно дејствие. Нема промена на костими. Не би требало да се користи светло и звук за да се укаже на промена на времето или просторот.“ (Данкан Макмилан) Диши ја создававме во неизвесноста на пандемијата, во неудобноста и осаменоста од наметнатата социјална дистанца, во постојаната промена на расположенијата помеѓу болката и надежта, со секој нов здив преиспитувајќи се: Дали од ова ќе излеземе како подобри луѓе?
Март
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Огласи