Репертоар

Events Calendar

Пикник на фронтот
Сабота, 16 Март 2024, 20:00

Пикник на фронтот за веб

Автор: Фернандо Арабал

Режија: Андреј Цветановски

Улоги: Биљана Драгиќевиќ - Пројковска, Филип Трајковиќ, Дамјан Цветановски, Стефан Вујисиќ, Соња Стамболџиоска

 

Информации и продажба на билети: 076/434343

купи билет

 

Сценографија: Сергеј Светозарев

Костимографија: Раде Василев

Избор на музика: Димитар Андоновски

Инспициент: Жарко Намичев

Суфлер: Даница Илиева


Војната е чудовиште кое голта се пред себе, земји, градови, населби, квартови, згради, фамилии, луѓе... И не застанува пред ништо. Од тој момент сите амбиции, желби, соништа стануваат далечни и нормалниот живот како и да не постоел, само потребата да се преживее. Оваа претстава е за такви луѓе, на кои им е смачено да живеат по правилата на преживување, туку сакаат да си играат со животот и да се обидат од војната да направат своја игра која ќе им биде терапија. Низ нивната приказна да раскажат колку е војната страшна, секогаш завршуваат во своите трауми од војната и настанот кој што ги одредил како луѓето кои се сега, или лушпи од тоа што биле порано. Низ борбата да се остане човечен и да се сонува ќе ја раскажеме приказната за тие сенки од луѓе кои сеуште се обидуваат да опстојат. Бидејќи деновиве додека се работат последните проби на оваа претстава, во Македонија се подготвува Самитот на ОБСЕ, би сакал да ги поканам сите државници од „цивилизираниот“ свет да ја погледнат претставата, можеби, само можеби, така ќе имаме помалку лушпи од луѓе заради неа, заради војната.
Март
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Огласи