Ирена Ристиќ

(26 јануари 1975, Охрид)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1999). Од 2000 година работи  во Драмски театар Скопје. Покрај реализација на улогите на матичната сцена, Ристиќ настапува и на другите театарски сцени и независни театарски продукции низ Р.Македонија.

Селективна театрографија: Волонска/ Пепита/ Саша (Фурка, 1997);  Николета фон Нибур (Мефисто, 2000); Клаус (Диво месо, 2001);  Меги (Мачка на вжештен лимен покрив, 2003);  Ветрушка (Како се станува цар, 2003); Анастазија (Жив чоек/ Everyman, 2004);  Џун (Марисол, 2004); Дона Беатриса (Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид, 2004); Лили (Друга страна, 2004); Зганарел (Дон Жуан, 2005); Хоровотка (Купидона, 2005); Дана (Комшилук наопаку, 2007); Дора (Жената како воено поле, 2009); Грофица Де Сан Фон (Маркиза, 2009); Тања Поткошулова (Евангелие на глупоста, 2014); Змијата/Пророкот Јонатан (Библијата, 2015).

Селективна филмографија: Збогум на 20тиот век (1998); Бал–кан-кан (2005); Боли ли (2013); Три дена во септември(2016); Џган (2016).

Награди: Награда за најдобро актерско остварување  за улогата на Клаус  во претставата „Диво месо“ на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2001). Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Лили во претставата „Друга страна“ на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2005); Награда „Ристо Шишков”  за улогата на Дора во претставата „Жената како воено поле” на ФКТ „Ристо Шишков” (Струмица, 2009) и други.

Мај
П В С Ч П С Н
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Огласи