Националната установа Драмски театар Скопје објавува конкурс за доделување награда на македонски автор до триесет години за најдобар драмски текст.
Рокот на поднесување на пријавите е 28 февруари 2026 година.
Tеатарот ги повикува уметниците да аплицираат за термин за изведба на претстава во продукција на независната сцена. Јавниот повик е отворен до 1 септември 2025 година.
Проектот „Денови на независната продукција“ ќе се одржи од 9 до 19 септември 2025 година. По направената селекција на апликациите за претставите пристигнати на Јавниот повик, Драмски ќе ги отстапи за гостување сцената „Ристо Стефановски“ и „Малата сцена“ на театарот како и потребната техника со што овозможува изведба на новите претстави и презентирање на иновативни, автентични и квалитетни театарски проекти.
Пријава
Почитувани,
Во прилог одлуката за прием на актери.
Во прилог ви следуваат информации за аудицијата за прием на кандидати...