Конкурс за доделување награда „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од македонски млад автор

Националната установа Драмски театар Скопје објавува конкурс за доделување награда на македонски автор до триесет години за најдобар драмски текст.

Рокот на поднесување на пријавите е 28 февруари 2026 година.

Јавен повик до независните театарски продукции и уметници

Tеатарот ги повикува уметниците да аплицираат за термин за изведба на претстава во продукција на независната сцена. Јавниот повик е отворен до 1 септември 2025 година.

Проектот „Денови на независната продукција“ ќе се одржи од 9 до 19 септември 2025 година. По направената селекција на апликациите за претставите пристигнати на Јавниот повик, Драмски ќе ги отстапи за гостување сцената „Ристо Стефановски“ и „Малата сцена“ на театарот како и потребната техника со што овозможува изведба на новите претстави и презентирање  на иновативни, автентични и квалитетни театарски проекти.

Август
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Огласи