Силвија Стојановска

(20 мај 1960, Скопје)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1982). Работи во Драмски театар Скопје од 1983 година.  Извршува функција Директорка на ДТС (2004-2006). Покрај настапите на матичната сцена, остварува и улоги во телевизиски серии и на филм.

Селективна театрографија: Еринија Крафт (Еригон, 1982); Кристина (Дупло дно, 1984); Наташа Ѓорѓевиќ (Карамазови, 1984);  Ружа (Тетовирани души, 1985); Виола (Ноќ спроти Водици, 1986); Злата (Свадба, 1986); Лисил (Смртта на Дантон, 1987); Маргарита Ветерова (Р, 1987); Глаука (Медеја, 1989); Лена (Ало, будење, 1990); Шантал (Балконот, 1991);  Кристина (Не сега драга, најдобро е попладне, 1991); Нина (Чија си, 1991);  Цвета (Грев или шприцер, 1992); Цонка Егоровна Јајцовна (Харем, 1994); Младата (Жени во народното собрание, 1994); Елвира (Дон Жуан , 1994); Првата жена ( Домот на Бернарда Алба, 2004); Љуба (Нашиот непрежален, 2006); Нина (Чија си, 2013).

Селективна филмографија: Црвениот коњ (1981); Време на летала (1982); Јужна патека (1982); Премиера (1983); Третто доба (1986); Заминување од Пасквелија(1991); Поштар (1991); Време живот (1992); Пред дождот (1994);Како убив светец (2004); Боли, ли? (2007); Превртено (2007); Ослободување на Скопје (2016).

Награди: Награда на социјалистичка малдина на Војводина за најдобар млад актер за улогата на Кристина во претставата „Дупло дно” на Фестивалот „Стериино позорје” (1984); Специјална награда за млад актер за улогата на Наташа во претставата „Карамазови” на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 1984) и други.

Јуни
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Рута Група Триглав


Ruta Grupa Triglav

Огласи