Викторија Анѓушева

(1 декември 1959, Скопје)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности (1982). Работи во Драмски театар Скопје од 1983 година. Покрај ангажманот на театарската сцена како актерка, реализира и театарски кореографии.

Селективна театрографија:  Наталија Митиќ (Карамазови, 1984) ; Пил (Крал Иби, 1984); Кристина ( Дупло дно, 1984);Снеже/ Кате/ Шут (Патување низ сонот на бајките, 1985); Вештерката  (Авантуритена Понг и Луси, 1985); Танчарката (Тетовирани души, 1985); Брук Естон (Хаос зад кулисите, 1985);   Актерка (Коприварник, 1986); Јунона (Бура, 1992); Филенета (Жени во народното собрание, 1994); Бети (Питачка опера, 1996); Меј (Мачка на вжештен лимен покрив, 2003); Селанка (Хамлет од Долно Гаштани, 2004); Жена (Дон Жуан, 2005); Англиски конзул (Македонска крвава свадба, 2012); Блаже (Солунски патрдии, 2013).

Селективна филмографија: Состојба пред инфаркт (1987); Трст виа Скопје (1987); Погрешно време (2000).

Декември
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Огласи