ОХРИДСКО ЛЕТО 2019: ДРАМСКИ СО, НАЈВЕРОЈАТНО, НОВА ХИТ ПРЕТСТАВА

Драмски театар – Скопје, најверојатно, има нова хит претстава. Збор е за Несоодветно за на работа што како фестивалска премиера беше прикажана на 27 јули во рамките на 59. Охридско лето (Охрид, 2019 година) на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Претставата е работена по текстот на Луси Кирквуд, претставничка на современата британска драматургија, режисер е гостинот Доналд Ворен Мофет од САД. Драматург е Викторија Рангелова Петровска, сценографијата е на Константин Трпеноски, асистент на сценографијат е Зоран Петровски, костимите се на Александар Ношпал, кореографијата на Кренаре Невзати, а преводот од аглиски јазик е на Благоја Бошковски.

Шесте лика во претставата ги играат: Ејдан е Зоран Љутков, Миранда е Ирена Ристиќ, Шарлот е Сања Арсовска, ликот на Господин Бредшо го игра Игор Ангелов, Сем е Дамјан Цветановски, а Руперт го игра Стефан Вујисиќ.

Идејата е да се прикаже секојдневието во метастазираните општества во кои експлоатацијата почнува, завршува или се прекршува врз женското тело.  Претставата е и приказ за вистината колку малите луѓе, се разбира не по свој избор, можат да бидат ставени во позиција да немаат избор и како се живее во свет во кој, сепак, има нешто што не е на продажба.

Шестемина актери точно ја играат/создаваат сценската приказна. Играта им е отворена, заедничка. Создаваат ангажиран театар кој е приказ на пореметените вредности во таканаречените центри на моќ кои се бескрупулозни во/до целта за профит. Најважен е профитот како главно обележје на времето. Секој обид за бунт завршува со неуспех.

Тие вистини за урнатото човечко достоинство Зоран Љутков, Ирена Ристиќ, Сања Арсовска, Игор Ангелов, Дамјан Цветановски и Стефан Вујисиќ, ги отвораат докрај. Секој е точен во ионтерпретацијата на својот лик, кон партнерот и кон целото дејствие.

Изведбата тече осмислено низ секоја ситуација/состојба. Актерите го одржуваат  темпото синхронизирано. Никој не „скршнува“ од својот лик и ликот во заедничкпто дејствие.

Од друга страна, Несоодветно за на работа ја следи вистината дека секој има „своја цена“ и покрај утехата дека некои работи навистина не се на продажба.

И во скудните услови на сцената на Домот на културата во Охрид претставата се одигра точно и докрај осмислено. Од друга страна, сосем сигурно е дека на сцената на Драмски театар – Скопје таа ќе добие уште повеќе во својата вредност.

ЛИЛЈАНА МАЗОВА

извор: http://globusmagazin.mk/%D0%BE%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BE-2019-%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%98%D0%B0%D1%82/?fbclid=IwAR369UreGW7AvPzOCwoHntyYUSm2vLZoLOWnRbwj-Xj5gdpnJjIC5SNYKQU 

Несоодветно за на работа - Луси Кирквуд

Театарска претстава по текст на Lusy Kirkwood, во режија на D. W. Moffett

Низ серија екстремно луцидни и, за жал, на повеќето од нас толку познати и блиски сцени од корпоративното, во случајов, медиумско секојдневие, во „Несоодветно за на работа“ Кирквуд ни дава јасна слика за симптомите на едно метастазирано општество прикажувајќи ја немилосрдната експлоатација која почнува, завршува или се прекршува врз женското тело. Како и вообичаено, и самите жени често се покорни и/или амбициозни соучеснички во борбата чија единствена цел е победа врз послабите и профит по секоја цена и во која единствената сатисфакција произлегува од продолжувањето на патријархално-капиталистичкиот тренд на концентрација и задржување на (парите) моќта и искачувањето по корпоративната вертикала.

Неколкуте искри на бунт завршуваат вешто и подло загушени од центрите на моќ (прикажани преку бескрупулозните уредници/чки) во комбинација со економските околности (класната положба) на ликовите принудени да живуркаат во постојана (полу)прекарна состојба, па и по цена и на последните ронки човечко достоинство. Конечно, исклучена е речиси секоја надеж за некакво алтернативно постоење или ослободување од стегите на системот кој успева да ги измолзи постојните и целосно да се прилагоди на новите форми на „генерирање профит“ без да изгуби од суровоста.

Во свет на неизбежна и целосна комодификација кога веќе ни е јасно дека сите имаме „своја цена“, нѐ остава со дилемата дали е само илузија тоа што понекогаш наивно се тешиме дека „барем некои работи не се на продажба“.

Ана Василева

 

Несоодветно за на работа - Луси Кирквуд

Во НУ Драмски театар Скопје започна реализацијата на уште една претстава NSFW (Not Safe for Work / Несоодветно за на работа), која ќе ја реализира светски познатиот актер, режисер и професор Доналд Ворен Мофет (D.W.Moffett).

Господинот Мофет ќе поставува дело од британската современа драмска авторка Луси Кирквуд (Lucy Kirkwood) преку чие дело NSFW се актуелизира родовата тематика преку критички став за објективизацијата на женското тело и борбата за надмоќ.

Преку соработката со господинот Мофет се зајакнува културната димензија со Соединетите Американски Држави, како и културната соработка со Велика Британија преку презентација на современта британска драматургија.

Премиерно „Несоодветно за на работа“ ќе се изведен кон крајот на месец јули.

КУРС ПО АКТЕРСКА ИГРА - Sanford Meinsner approach

Драмски театар Скопје организира шестонеделен курс по актерство по пристапот на Санфорд Мајснер - САД.

Прослава на животот на Горан Стефановски

Дебармаало има култно, скоро митско место во современата македонска култура. Голем удел во креирањето на тоа имаше покојниот писател, професор и вљубеник во маалото — Горан Стефановски.

In Memoriam - Билјана Беличанец (1973 - 2019)

Огромна празнина останува во Драмски. Нашата Билјана Беличанец е неповторлива. Почивај во мир.

Октомври
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Следни претстави

Крал Иби
22 Октомври 2019
Фестен
24 Октомври 2019
Несоодветно за на работа
25 Октомври 2019