ЈАВЕН ПОВИК ЗА АУДИЦИЈА

14 Февруари 2023

За две улоги во претставата „Кафез кај откачените“ од Жан Пуаре, во режија на Димче Николовски.

Се бараат:

  • Млада актерка (до 30 години) за улогата на Мјуриел, ќерка на француски конзервативен провинциски политичар.
  • Млад актер (до 30 години) со танчерски способности и во добра физичка кондиција, за улогата на Саломе, танчер-травестит во кабарето.

Кандидатите треба да се дипломирани актери, апсолвенти или студенти на IV година актерска игра.

Пријавувањето се врши по електронски пат на : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до петок 17.02.2023 година.

Ве молиме, во пријавата вклучете куса биографија и фотографија.

Материјалите за аудицијата ќе ги добиете како одговор на вашата електронска пријава.

Аудициите ќе се одржат:

  • За млад актер во понеделник, 20.02.2023 година, со почеток во 11 часот.
  • За млада актерка во вторник, на 21.02.2023 година, со почеток во 11 часот.

ВАЖНО: На аудицијата ќе можат да учествуваат само однапред пријавените кандидати.

НУ Драмски театар

Јуни
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Рута Група Триглав


Ruta Grupa Triglav

Огласи