Вечна и слава! Со огромно жалење ја примивме веста за смртта на нашата Сабина Ајрула Тозија, една од најмаркантните актерки во театарската и филмската уметност. Сабина беше еден од столбовите на Драмскиот театар и ќе остане вечно запаметена по нејзините успешно одиграни улоги во претставите: „Болва во уво“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници“, „Еригон“, „Косанчиќев венец“, „Ивона, кнегиња бургундска“, „Авантурите на Понг и Луси“, „Свадба“ и многу други. Добитник е на безброј награди меѓу кои Државната награда „Свети Климент Охридски“ и Наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“. Вечна и слава!