Општи правила Секој вработен и посетител во Театарот мора да се придржува кон пропишаните протоколи: Во апаратите за дезинфекција на раце ке се користи aлкохолно средство за брза дезинфекција. Административниот дел и службениот влез ке се дезинфицираат пред почеток на работното време и на крај на работното време соDezental 5% (во 5 литри вода се додава 100 мл средство). Тоалетите во административниот дел ке се дезинфицираат пред почеток на работното време и на крај на работното време со Dezental 5%. Тоалетите за публика ќе бидат затворени 2 часа пред почеток на претставата и ќе се дезинфицираат по нивно отворање и по завршување на претставата со Dezental 5%. Влезната партија (делот кај билетара), салата за публика (гледалиштето) и фоајето на театарот ке се дезинфицираат 2 часа пред почетокот на претставата со Dezental 5% . Гримиорните на актерите, шминкерна, реквизита и сцената ке се дезинфицираат 2 часа пред секоја проба или претстава соDezental 5%. Реквизитата ќе се дезинфицира пред секоја проба и претстава со aлкохолно средство за брза дезинфекција. Костимите на актерите ке ги дезинфицираат гардероберите пред проба или пред претстава со Dezental 0,2%. Според општите правила за реализација на настани треба да се искористи само 30% од капацитетот на салата, односно 56 гледачи на претходно обележани места за седење. Претставите ќе се изведуваат без пауза. Се забранува задржување при влез и излез во фоајето. Зголемување на времетраењето на влез и излез на публиката. Се забранува оддржување на коктели во фоајето на театарот. Протокол за билетара Задолжително носење на маска во Театарот. Поставување на дезинфекциона бариера за обувки. Поставени и означени места за влез пред билетарата со соодветно растојание. Поставено средство за дезинфекција на раце на влезот на Театарот. Билетопродавачот работи со заштитна опрема (маска и ракавици ) Билетите се продаваат online и/или со картичка. Персонализирање на продадените билети, односно регистрација при купување на билетите (име и презиме, контакт телефонски број) Во просторот пред билетарата дозволено е присуство само на еден купувач на билети. Протокол за публика Задолжително носење на маска во Театарот. Поставување на дезинфекциона бариера за обувки. Поставени и означени места за влез на публиката со соодветно растојание. Задолжително мерење на температура на секој посетител. Доколку термометарот покаже температура над 37.3 степени, на лицето му се овозможува да остане во меѓупросторот или надвор од театарот 20 минути за повторно мерење. Доколку и по второто мерење термометарот покаже температура повисока од 37.3 степени истиот не се пушта да влезе во Театарот. При влез во Театарот се почитува правилото на влез на еден по еден по означените позиции за да се запази растојанието помеѓу посетителите. Гардеробата за публика е затворена (секој посетител гардеробата ја носи со себе во салата). Излезот од сала е на принцип еден по еден со максимално придржување на растојание од 1.5 до 2 метра. Забрането е задржување во фоајето или пациото на театарот пред или по завршување на претставата. Распоредителите се одговорни за одржување на растојанието на публиката при влез или излез од Театарот.