Игор Ангелов

(1 октомври 1977, Скопје)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности (2001). Работи во Драмски театар Скопје (2010) . Покрај настапите на матичната сцена, настапува и на останатите театарски сцени низ Р. Македонија, како и во реализација на филмски и телевизиски улоги.Препознатлив кај најмладата публика по улогата на Детективот Цветко во телевизиската сeрија Петко (ОХО Продукција, 2014-).

Селективна театрографија: Луис (Ангели во Америка, 2009); Розенкранц (Хамлет, 2010); Темјан (Генетика на кучињата, 2012);  Актер (Последните македонци, 2012); Поетот (Вртелешка, 202); Стојко (Огнени јазици, 2013); Осман Бег (Македонска крвава свадба, 2013); Капетанот Џон Пиплфокс (Џон Пиплфокс, 2014).

 Селективна филмографија:Погрешно време (2000); Големата вода (2004); Ова не е американски филм (2011); Трето полувреме (2012); Тврдокорни (2013);Медена ноќ (2015); Лазар (2015); Златна петорка (2015); Преспав (2016).

 Награди: Награда за најдобар млад актер „Трајко Чоревски” за улогите во претставата Синдром Чернодрински на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2001); Награда за најдобра машка споредна улога  во претставата „Проклетство на изгладнетата класа“ на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2007).

Април
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5

Огласи