“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile


Приватност

Политика за приватност

Установата Драмски театар  подложи на сите закони кои се во областа на заштитата на приватноста на податоците, сè со цел да ја заштити Вашата приватност. Политиката за заштита на лични податоци и приватноста се однесува на доверливоста на податоците кои се наоѓаат на страниците и кои со користење на тие страници од крајните корисници се собрани и сочувани во базите на податоци на Интернет страницитата www.dramskiteatar.com.mk Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте го долунаведениот текст со што би разбрале кои податоци ние ги земаме од Вас и како ги користиме истите. Ако имате какви било прашања во врска со доверливоста на податоците, Ве молиме контактирајте нè на e-mail адресата info@dramskiteatar.com.mk.

ВЕ МОЛИМЕ ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРИВАТНОСТ ВНИМАТЕЛНО!!! СО ПРИСТАПУВАЊЕ ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА НАШИОТ ВЕБСАЈТ, ПРИЗНАВАТЕ ДЕКА СТЕ ГИ ПРОЧИТАЛЕ, РАЗБРАЛЕ И СТЕ СЕ СОГЛАСИЛЕ СО СИТЕ УСЛОВИ, ЧЛЕНОВИ ДЕФИНИРАНИ ВО ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ. ДОКОЛКУ НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ, НАПУШТЕТЕ ЈА ОВАА СТРАНА И НЕ КОРИСТЕТЕ ГО НАШИОТ ВЕБСАЈТ.

Измени во Политиката за заштита на лични податоци 

Установата Драмски театар има право периодично да ја обновува Политиката за заштита на личните податоци. Измените стапуваат на сила веднаш по објавата на обновената верзија. Секој корисник е одговорен периодично да ја проверува Политиката пред користење на нашиот вебсајт со цел да ги дознае најновите промени. Со самото купувње на карти Вие потврдувате дека се согласувате со новите промени на Политиката за заштита на личните податоци.

Прибирање и користење на личните податоци

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: Име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се исполни Вашата побарана нарачка или со цел да бидете навремено информирани за сите новости кои би биле од заеднички интерес. Со нивното поднесување Вие се согласувате да ги отстапите истите на Драмски театар на обработка за целите на кои се однесуваат.

Овие информации ќе се користат единствено  за цел исполнување на нарачките и информирање.

Доколку сте регистриран корисник на нашиот вебсајт, Вашите лични податоци ќе бидат зачувани сè додека го имате тој статус. Кога купувате карти или други производи од нашиот вебсајт користејќи кредитна картичка, Вашите основни податоци (име и презиме, адреса и контакт тел.) ќе бидат задржани онолку долго колку што е потребно за процесирање на која било идна трансакција поврзана со Вашата нарачка, вклучувајќи и рефундирање на пари.

 Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци. Како регистриран корисник на нашиот веб сајт, Вашите лични податоци ќе бидат зачувани сè додека го имате тој статус. Кога купувате карти од нашиот вебсајт користејќи кредитна картичка, Вашите основни податоци (име и презиме, адреса и контакт тел.) ќе бидат задржани онолку долго колку што е потребно за процесирање на која било идна трансакција поврзана со Вашата нарачка, вклучувајќи и рефундирање на пари.

Согласноста можете да ја повлечете во секој момент, информирајќи го Драмски театар за истото на е-mail адресата info@dramskiteatar.com.mk, по што истите се бришат и уништуваат.

Драмски театар нема да ги споделува, продава, ниту изнајмува Вашите лични податоци на неовластени лица!!!

Драмски театар ќе ги искористи Вашите лични податоци:

•  кога купувате или резевирате билети за некоја претстава, за да ја изврши трансакцијата по потреба да контактира со Вас за Вашата нарачка, достава на карта и сл.

• кога купувате или резевирате билети за некоја претстава, Драмски театар ќе ги сподели Вашите лични податоци со овластена компанија која ке ја процесира трансакцијата до банката.

•  за да Ве извести за евентуални промени кои се однесуваат на претставата за кој сте купиле/ резервирале билет (време на почнување на настанот, откажување односно одложување на настанот и сл.), како и за идни настани кои би можеле да бидат од интерес за Вас.

Заштита на Вашата сметка

Вашата лозинка е клучот од Вашиот кориснички акаунт.

 Вашето корисничко име и лозинка треба да се  разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам. Доколку Вашето корисничко име е идентично со Вашата лозинка, возможно е лесно користење на Вашиот идентитет при користење на било какви активности на веб страницата. Користете броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте Вашата лозинка никому.

Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз Вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности предводени во Ваше име.

Заради тоа, доколку Вашата лозинка е компромитирана од било која причина, веднаш известете ја установата Драмски театар и сменете ја лозинката. До известувањето на Драмски театар од страна на Корисникот, Драмски театар не превзема никаква одговорност за злоупотреба на лозинката и личните податоци.

Cookies/Технологија на следење

Оваа веб страница може да употребува cookies и технологија на следење во зависност од понудените форми. Cookie и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите.

Cookies исто така придoneсуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку Cookies. Давање на лични податоци на користење Само врз основа на закон Вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции.

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од  губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се превземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Употреба на веб страницата од страна на малолетни лица

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. Установата Драмски театар никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.

 

За подетални дополнителни информации, Ве молиме погледнете го ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ/ ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05 и 103/08).


 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios