“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile


Плаќање

ДОКОЛКУ НЕ ДОБИЕТЕ ПОВРАТНА ПОТВРДНА Е-ПОШТА СО ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРЕТСТАВАТА ОД ДРАМСКИ ТЕАТАР ЗА КУПЕНИТЕ БИЛЕТИ, ВЕ МОЛИМЕ ПИШЕТЕ НА INFO@DRAMSKITEATAR.COM.MK

 

Дали можам да  купам карта, за репертоарот на драмски театар, online?

Одговорот е ДА. Се со цел на корисниците да им овозможи полесен пристап до преставите кои ги нуди драмскиот театар, покрај класичниот начин на купување на билети, неодамна е овозможено и  online купување на билети за репертоарот на драмски театар.

Како можам да купам online карта?

За да купите online карта  треба да бидете регистриран корисник. Откако ќе се најавите со вашето корисничко име и лозинка од горното мени го избираме „Репертоар“ од излистаните претстави од репертоарот ја бираме таа за која сакаме да купиме билет, кликнуваме на копчето „купи билет“ . На ново прикажаната страна ни се листаат достапните места кои се овозможени за online продажба. Откако сме ги избрале  посакуваните места, од десната страна кликнуваме на копчето „Наплата“ со што преминиваме на процесот на наплата.

Како да знам кои места се достапни, за дадена претстава?

Откако сте ја избрале преставата, за која сакате да купите карта, новиот приказ ви го дава распоредот на седиштата. Според легендата испишана во долниот дел. Црвено маркираните  седишта се достапни за купување. Доколку  не постојат црвено маркирани седишта тогаш или сите седишта се веќе продадени или не се одобрени седишта за online купување.

Дали работното време на онлине продавницата е исто со рабтното време  на билетарата?

Не.  Online продавницата на билети прекинува со продажба 2 часа пред почетокот на претставата.

Дали е можно откажување на веќе купена карта?

Враќање на парите за купена влезница може да се оствари единствено доколку претставата е откажана и со приложување на Единствениот број со потребните податоци.

Во таков случај,  ДТ може да му понуди на купувачот  замена на  издадената влезница за друга претстава со иста цена и по избор на купувачот, или да изврши враќање на износот на купената влезница во готовина на благајна, под услов купувачот писмено да го потврди примањето на парите.

Можам ли купената карта да ја отстапам на трето лице?

Доколку одлучите  вашата карта да ја одстапите на трето лице и податоците кои сте ги добиле од системот сте ги споделиле со трето лице околку, право на влезницата на благајна остварува лицето кое прво ќе се пријави на благајна и ќе го приложи Единствениот број со потребните податоци.

Како го остварувам правото на online купената карта.

Влезниците кои се купени online и за кои купувачот добил Единствен број можат да се подигнат на благајната на Драмски Театар со приложување на Единствениот број добиен  и името на купувачот на кое гласат истите.
Исто така на вашата е-пошта која сте ја внеле при регистрацијата се доставуваат податоци за картата (еден вид електронска карта) со единствен број. 

Што се случува со купените карти при откажани одложени претстави?

Во случаеви кога и одредени претстави се одложени или откажани Ве контактираме во најкраток можен рок.

Откажани претстави - автоматски ќе добиете повраток на парите за картите купени online. Aко сте ја купиле картата од билетарата на Драмски теататр

Одложени престави – Доколку има одложување на претстави ние ве информираме за новите термини на истите, доколку од било кои причини новие термини не ви одговараат, парите ќе ви бидат вратени на  билетарата на Драмски театар.

Што доколку сум спречен да присуствувам на претстава за која веќе сум купил карта?

Доколку купувачот  не присуствува на претставата за која платил влезница, влезницата може да ја подигне на благајна уште седум (7) дена , без право за рефундирање на парите.

Како се врши наплатата од мојата платежна картичка?

Потребно е да го изберете начинот на плаќање и според тоа да ги пополните потребните податоци како што се: име на сопственикот на картичката, негова адреса, број на картичката, датум нна важност на картичката и слично.

Ние не ги чуваме или прибираме вашите чувствителни информации. Плаќањата се пренасочуваат до банката одговорна за плаќањето и на нејзина страна во сигурносен мод се извршуваат трансакциите.

Како да знам дека успешно сум ја резервирал  online карта?  

Откако сме добиле повратен одговор од системот на банката за успешна/неуспешна наплата на избраната претстава, добивате повратна информација на страната во зависност од успешноста/неуспешноста на наплатата соодветно во зелена или црвена боја пропраатена со содветен текст, столчето се резервира како зафатено и во истиот момент  на е-поштата која ја имате внесено при вашата регистрација се испраќаат билетите во електронска форма со потребните информации.

Што доколку не добијам повратен одговор од страната на драмски  (зелено успешна наплата/ црвнено не успешна наплата)?

Доколку поради одредени причини (прекин на интернет конекција или други технички причини од која било страна) сајтот на Драмски театар не ви врати одговор со црвена за не успешно помината наплата или зелена за успешно помината наплата, и се сомневате во извршената резервација тогаш најдобро би било да се јавите во драмски и да ја проверите вашата резервација. Доколку при проверка во системот се установи успешната наплата, вашите седишта кои сте ги избрале ќе бидат резервирани.

Јас сум корисник на одредени попусти на установата Драмски театар дали истите попусти можам да ги искористам при купување онлине билети?

При продажбата преку интернет се пресметува вкупната цена на влезницата без попуст.

Каде можам да се обратам за дополнителни информации:

Адреса: Шекспирова 15, 1000 Скопје
Телефони: 02/3063-453, 02/3063-388, 02/3065-325 Факс: 02/3061-870, 02/3065-325
Е-маил: dramski@sonet.com.mk
Работно време на каса: Понеделник - Сабота: 09.00 - 21.00 часот
                                    Недела: 15.00 - 20.00 часот

Во продолжение Ве молиме, проследете го видеото за постапката на плаќање на онлине билетот.


 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios