Почитувани,
Сакаме да и’ соопштиме на јавноста дека Драмски театар Скопје, во соработка со други институции ја подготвува комеморацијата за големиот Горан Стефановски. Сметаме дека најмалку што можеме да направиме за Мајсторот, е достојно да го подготвиме овој чин. Во координација со неговото семејство датумот за комеморацијата ќе биде дополнително определен по нивното пристигнување во Р. Македонија.