Многу се радувам на можноста да работам за и со деца, особено во проект каков што е „Светот на Биби“.
Публиката дише во еден здив на новата претстава на Драмски театар - „Мојот маж“ на режисерката Нела Витошевиќ.
Цврста режија на Владимир Милчин и одлична игра на Зоран Љутков. Режисерот по втор пат ја поставува оваа претстава – првата му беше дипломска работа
Драмски театар – Скопје, најверојатно, има нова хит претстава.
Театарска претстава по текст на Lusy Kirkwood, во режија на D. W. Moffett
Во НУ Драмски театар Скопје започна реализацијата на уште една претстава NSFW (Not Safe for Work / Несоодветно за на работа), која ќе ја реализира светски познатиот актер, режисер и професор Доналд Ворен Мофет (D.W.Moffett).
Катарина Коцевска Хаџи Василева
(11 април 1959, Скопје)
Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1982). Работи во Драмски театар Скопје од 1983 година. Покрај актерскиот ангажман во матичната куќа, настапува на театарските сцени низ Р.Македонија, и оставрува улоги и во телевизиски и филмски проекти. Коцевска е автор на неколку драмски текстови и потпишува неколку театарски режии.
Селективна театарографија:Емил (Еригон, 1982); Мира (Хај-фај, 1983); Олга Бизјак (Карамазови, 1984); Котис (Крал Иби, 1984); Салома (Салома, 1985); Луси (Авантурите на Понг и Луси, 1985); Маре (Тетовирани души, 1985); Марион (Смртта на Дантон, 1987); Сели (Закопано дете, 1987); Марија Малон (Р, 1987); Ели (Стапица, 1987); Покојната Милица (Собирен центар, 1989); Прва ќерка ( Медеја, 1989); Весела (Ало, будење, 1990); Верче (Чија си, 1991); Галаба Рубен (Не сега драга, најдобро е попладне, 1991); Сопругата (Како да ја убиеш сопругата ....и зошто, 1993); Праксагора (Жените од народното собрание, 1994); Дијана (Питачка опера, 1996); Жена (Три високи жени, 1996); Тимофеја Гордеевич Бугрова (Платонов, 1999); Карола Мартин (Мефисто, 2000); Мајката на Леха (Падот на невиноста, 2002); Џилијен (Брачна игра, 2003); Босилка Ракаџиева (Хамлет од Долно Гаштани, 2005); Вера (Нашиот непрежален, 2006); Сопругата (Како да ја убиеш сопругата и зошто, 2008); Гертруда (Хамлет, 2010); Шабан бег (Солунски патрдии, 2013)
Селективна филмографија: Викенд на мртовци (1988); Пред дождот (1994); Самоуништување (1996); Вета (2001).
Награди; Награда на Сојузот на социјалистичка младина на Македонија за улогата во „Хај-Фај“(1983); Награда за најдобро актерскио остварување за улогата на Олга Бизјак во претставата „Карамазови” на МТФ „Војдан Чернодрински” Прилеп (1984);Награда за најдобра млада актерка во Југославија на фестивалот на Југословенски театар - Сараево, за улогата на Олга Бизјак Митиќ во претставата „Карамазови“ (1985); Награда за извонредна актерска двојка во дуодрамата „Брачна игра” од Едвард Олби, на IV Сеукраински фестивал „Тернопилски вечери” (Тернопил, Украина, 2003); Награда од публиката за најдобро актерско остварување на вечерта за улогата на Илиен во претставата „Брачна игра” на XXII „Нушичеви денови” ( Смедерево, Р.Србија, 2005) и други.
Во прилог Јавниот оглас и Пријавата за вработување.
Евиденција за лица овластени за вршење обработка на лични податоци на НУ ДТС
Правилник за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на аудицијата, како и начинот на бодување